Категории
NUK Цуцла Лажалка Анатомска силикон "Signature" (0-6mes 1/box)
  • NUK Цуцла Лажалка Анатомска силикон "Signature" (0-6mes 1/box)

249 ден.
Производител: NUK Germany
Шифра на производ: 10730618
Достапност: На залиха
Количина:

Расположливи опции

* NUK slika:

NUK Цуцла Лажалка Анатомска силикон "Signature" (0-6mes 1/box)

  • Најнова генерација на анатомски цуцли од NUK со облик на мајчина брадавица во моментот на доење.
  • Согласно најновото научно исражување на универзитетски професори од разни области на медицината во Португалија, ризикот од деформации на виливите и забите е најмал кај оригиналната NUK форма на цуцла лажалка.*
  • Новина е шилдот (пластичниот дел околу устата) на кој има повеќе отвори кои овозможуваат струење на воздух и спречување на иритација на кожата околу устата.
  • Анатомијата на цуцлата комплетно е прилагодена на устата на децата согласно возраста (0-6м; 6-18м или 18+м).
  • Поседува "NUK Air System" уникатен вентил поставен на задниот дел на цуцлата, кој овозможува цуцлата да остане мека и флексибилна.
  • Потенкиот и потесен дел за цицање спречува непотребен притисок врз непцето и вилиците и спречува појава на деформации.
  • Помек и заоблен горен дел за цицање кој анатомски е прилагоден на непцето, како и рамен долен дел за цицање кој овозможува природни движења на јазикот. 
  • Со хигиенска кутија која може да се користи и за стерилизација на цуцлата. 
  • Големина 1 (0-6 месеци).
  • Безбедни BPA Free материјали.
  • Произведено во Германија.

*

* Согласно научните истражувања спроведени од страна на педијатри, педијатри ортодонти, ортодонти и патронажни сестри, со помош на компјутерски модел и широка дискусија на добиените резултати дојдено е до заклучок дека; ризикот од евентуални деформации на забите и вилиците кај бебињата и децата е најмал при користење на анатомската форма која ја патентира и практикува NUK т.е кај цуцлата со облик на мајчина брадавица во моментот на доење . Начното истражување е спроведено на португалскиот универзитет МИНХО во Мај 2022, под раководство Dr. João Miguel Nóbrega and Prof. Dr. Ana Norton ,а во склоп на проект наречен "Pacifiers - current scientific findings and implications for practice".

Секојдневно вашите најмили поминуваат низ безброј возбудувања и авантури, во кои верно ги придружува нивниот пријател на кој можат да се потпрат во било кое време - NUK Анатомската Цуцла. Таа ќе им пружи смиреност и сигурност во непријатните ситуации. Без оглед дали непознати лица, звуци или непознатото окружување се причина за немирот на вашето дете, познатото смирувачко чувство на цицање на цуцлата ќе овозможи повторно да се врати спокојот во нивното секојдневие.

Сите NUK цуцли, се развиени во соработка со врвни медицински експерти и поседуваат специјален анатомски облик во форма на мајчина брадавица во моментот на доење. Вавкавата форма овозможува цуцлата целосно да е прилагодена на оралната шуплина на децата и како таква не предизвикува деформации на забите и вилиците, туку спротивно на тоа го помага правилниот орален развој. Тенкиот и тесен врат на делот за цицање које е воедно направен од екстра мек силикон, идеално е прилагоден на устата и не предизвикува притисок на вилиците и непцето.

Секоја NUK цуцла поседува уникатен NUK Air System - вентил на задниот дел на цуцлата кој овозможува во моментот кога детето со вилиците ќе притисне врз делот за цицање, воздухот да излезе од цуцлата, со што истата станува мека и флексибилна и не предизвикува непотребен притисок врз забите и вилиците.

Праксата и истражувањата спроведени во Германија и други заемји укажуваат на тоа дека NUK цуцлите не предизвикуваат деформации на забите и вилиците кај децата при нивното користење. Од оваа причина NUK се најпрепорачувани цуцли од ортодонтите, педијатрите и патронажните сестри во Германија. Како што спомнавнме, тенкиот и тесен дел за цицање како и NUK Air Systemot го намалуваат притисокот на цуцлата врз забите и вилиците и на тој начин се спречуваат деформации, а од друга страна се обезбедува доволно простор за правилно движење на долната вилица и јазикот слично како кај доењето.

100% од Германските ортодонти тврдат дека анатомските NUK цуцли не предизвикуваат деформации**. 95% од бебињата во Германија ги прифаќаат без проблем NUK анатомските цуцли*. 90% од германските мајки би ги препорачале NUK анатомските цууцли на други*, а 92% од германските доилки тврдат дека NUK цуцлите лажалки не влијаат врз доењето*.*

NUK Signature цуцлата доаѓа со некршлива хигиенска кутија која може да се користи и како сад за брза стерилизација на цуцлата во микро бранова печка. NUK Signature цуцлите се произведени во Германија согласно највисоките стандарди за безбедност и квалитет.

*Independent market research, 307 mothers; Germany 2017

**Independent market research among 50 midwives, pediatricians and orthodontists each; Germany 2017      

YouTube видео за предностите на NUK Анатомскиот облик на цуцлите лажалки:

https://youtu.be/YqVOzFOT-P0

General
Brand NUK
Kategorija Цули Лажалки
Vozrast 0-6 meseci
Sodrzina NUK cucla lazalka Signature silikon so higienska kutija.
Sostav Silikon

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
Тагови: NUK, cucli, lazalki, silikon, classic, 0+
Baby Centar © 2024. UKION SHOPS
NUK Germany NUK Цуцла Лажалка Анатомска силикон "Signature" (0-6mes 1/box) NUK Цуцла Лажалка Анатомска силикон "Signature" (0-6mes 1/box) Најнова генерација на анатомски цуцли од NUK со облик на мајчина брадавица во моментот на доење. Согласно најновото научно исражување на универзитетски професори од разни области на медицината во Португалија, ризикот од деформации на виливите и забите е најмал кај оригиналната NUK форма на цуцла лажалка.* Новина е шилдот (пла.. Category: Product #: 10730618 Regular price: 249 ден. 249 Available from: Euroalba dooel