За Нас

Специјализираната продавница за бебиња, деца и мајки “ Baby Centar”  своите корени ги влече од 1991 година кога сопственикот Ристо Георгиев како дипломиран магистер по економски науки заедно со своето семејство реши да ја отвори својата прва продавница за мешовита (непрехрамбена) стока во Т.Ц. Лептокарија (Карпош III) под називот С.Т.Д Александар. Со текот на годините понудата во СТД Александар се повеќе се профилираше кон децата и полека почна да се специјализра за продажба на производи наменети исклучиво за деца .

Во март 2004 СТД Александар  беше преименуван во “Baby Centar” кој и ден денес функционира како подружница на семејната фирма Еуроалба дооел. Од Март 2004 Baby Centar станува една од првите специјализирани продавници во Р.М. посветена  целосно на потребите на мајката и нејзиното бебе во периодот на бременоста и потоа.

Во оваа своја намера не оставаме простор за никакви компромиси, и на нашите клиенти им нудиме производи од врвни светски брендови кои се научно засновани и произведени според највисоките светски стандарди за  безбедност и квалитет.

Во Беби Центар денес можете да најдете апсолутно се, од наједноствани производи како цуцли, шишенца, па се до производи како дигитални ваги, јонизатори, инхалатори, видео монитори итн.

Во Беби Центар денес може да ги најдете познатите светски брентови како : NUK, Tigex, ABC-Design, WOW Toys, Clementoni, Sluban, Baby Hit bedding, FIM, Renolux, Ladoro socks...

ЕУРОАЛБА ДООЕЛ
ул. Улица 7 бр.172, Долно Лисиче, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)2 306 5717
e-mail : euroalba@euroalba.com.mk
ЕМБС: 5559928 | ЕДБ : MK4030001426797

Жиро сметка: 210 055599280 112
Тутунска банка Скопје

Контакт

  • 02 306 5717
  • euroalba@euroalba.com.mk euroalba@gmail.com

Facebook

Baby Centar © 2026. UKION SHOPS