NUK Цуцла Лажалка анатомска силикон 1/box "First Choice Night" (0-6м.)

NUK First Choice Night цуцла лажалка во пакување од 1 парче со хигиенска кутија (0-6месеци).
Секојдневно вашите најмили поминуваат низ безброј возбудувања и авантури, во кои ги придружува нивниот верен пријател на кој можат да се потпрат во било кое време - NUK Анатомската Цуцла. Таа ќе им пружи смиреност и сигурност во непријатните ситуации. Без оглед дали непознати лица, звуци или непознатото окружување се причина за немирот на вашето најмило, познатото смирувачко чувство на цицање на цуцлата ќе овозможи повторно да се врати спокојот во нивното секојдневие.
Сите NUK цуцли, се развиени во соработка со врвни медицински експерти и поседуваат специјален анатомски облик во форма на мајчина брадавица во моментот на доење. Вавкавата форма овозможува цуцлата целосно да е прилагодена на оралната шуплина на децата и како таква не предизвикува деформации на забите и вилиците, туку спротивно на тоа го помага правилниот орален развој. Тенкиот и тесен врат на делот за цицање које е воедно направен од екстра мек силикон, идеално е прилагоден на устата и не предизвикува притисок на вилиците и непцето. Во официјална студија спроведена од португалскиот универзитет Минхо, во која се споредени 4 различи облици на цуцли научно е потврдено дека NUK обликот е нејдобар и истиот нема негативно влијание врз правилниот развој на забите и вилиците кај децата.**
Секоја NUK цуцла поседува уникатен NUK Air System - вентил на задниот дел на цуцлата кој овозможува во моментот кога детето со вилиците ќе притисне врз делот за цицање, воздухот да излезе од цуцлата, со што истата останува мека и флексибилна и не предизвикува непотребен притисок врз забите и вилиците.
Праксата и истражувањата спроведени во Германија и други заемји укажуваат на тоа дека NUK цуцлите не предизвикуваат деформации на забите и вилиците кај децата при нивното користење. Од оваа причина NUK се најпрепорачувани цуцли од ортодонтите, педијатрите и патронажните сестри во Германија. Како што спомнавнме, тенкиот и тесен дел за цицање како и NUK Air Systemot го намалуваат притисокот на цуцлата врз забите и вилиците и на тој начин се спречуваат деформации, а од друга страна се обезбедува доволно простор за правилно движење на долната вилица и јазикот слично како кај доењето.
100% од Германските ортодонти тврдат дека анатомските NUK цуцли не предизвикуваат деформации**. 95% од бебињата во Германија ги прифаќаат без проблем NUK анатомските цуцли*. 90% од германските мајки би ги препорачале NUK анатомските цууцли на други*, а 92% од германските доилки тврдат дека NUK цуцлите лажалки не влијаат врз доењето***.
Правилно разработениот концепт на големини го прати растот и развојот на вашето дете, така да NUK нуди соодветна големина на цуцла за секоја возраст од 0 - 36 месеци старост.
NUK First Choice Night цуцлите доаѓаат со некршлива хигиенска кутија која може да се користи и како сад за брза стерилизација на цуцлата во микро бранова печка. NUK First Choice Night цуцлите се произведени во Германија согласно највисоките стандарди за безбедност и квалитет и врз основа на официјална Disney лиценца.
*Independent market research, 307 mothers; Germany 2017
**Scientific comparison of four pacifier shapes, published: "Pacifiers: The right shape is decisive", Pharmawissen aktuell, 2022.
***Independent market research among 50 midwives, pediatricians and orthodontists each; Germany 2017
YouTube видео за предностите на NUK Анатомскиот облик на цуцлите лажалки:

| General | |
| Brand | NUK |
| Kategorija | Цули Лажалки First Choice |
| Vozrast | 0-6м |
| Sodrzina | NUK цуцла лажалка Night силикон 1/кутија. |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕУРОАЛБА ДООЕЛ
ул. Партизански одреди 64г, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)2 306 5717
e-mail : euroalba@euroalba.com.mk
ЕМБС: 5559928 | ЕДБ : MK4030001426797
Жиро сметка: 210 055599280 112
Тутунска банка Скопје