NUK Anti-Colic Professional беби шише Против Грчеви со индикатор за Температура 300мл (0+м.)
  • NUK Anti-Colic Professional беби шише Против Грчеви со индикатор за Температура 300мл (0+м.)

580 ден.
Производител: NUK Germany
Шифра на производ: 10216293
Достапност: На залиха
Количина:

 NUK Anti-Colic Professional беби шише Против грчеви со индикатор за Температура 300мл (0+м.)

  • Шишенце кое потполно го елиминира влезот на воздухот во храната благодарение на специјален систем на венилација.
  • Специјалнен систем од прстен и цевче го спроведува воздухот надвор од храната и со тоа го елиминира голтањето на воздух кое е најчеста причина за болни грчеви кај бебињата.
  • 96% од анкетираните медицински експерти од Германија потврдуваат дека овој систем значително го редуцира воздухот во храната.
  • Со "Temperature Control", индикатор кој покажува дали температурата на храната соодветна за вашето дете.
  • Мека силиконска цуцла со анатомски облик на мајчина брадавица во моментот на доење.
  • Клинички тестирана за комбинирана исхрана при доење и исхрана со шишенце.
  • Капацитет 300мл со силиконска цуцла од 0-6 месеци со отвор "M" за млеко и млечни формули.
  • Широко грло за лесно ракување со храната - полнење и чистење на шишенцето.
  • Најкористени шишенца во Германските болници и клиники.
  • BPA Free. Изработено од потполно безбеден материјал -Полипропилен. 
  • Произведено во Германија.

Голтањето на воздух при хранење е најчестата причина за појава на болни грчеви и гасови кај бебињата. Ваквата состојба предизвикува неспокој кај бебињата поради што често се нерасположени, не спијат и многу плачат. NUK Professional беби шишенцето е креирано токму поради оваа причина т.е. да ја спречи појавата на овие непријатни грчеви кај бебињата. Тајната е во професионалниот вентилационен систем кој спречува голтање на воздух, а се состои од цевче и воздушен вентил. Воздушниот вентил спречува цуцлата да се сплескува и запушува при цицање со што бебињата можат непречено да се хранат без голтање воздух напразно што е една од основните причини за појава на болни грчеви. Воздушниот канал т.е. цевчето во шишенцето го превзема воздухот од воздушниот вентил и го спроведува кон дното на шишенцето т.е. надвор од храната. Со ова се спречува акумулирање воздушни меурчиња во храната. Помалку воздух во храната значи и внесување помалку воздух во бебешкото стомаче со што се помали шансите за појава на грчеви. 

Temperature Control - е најновата функција на NUK First Choice+ шишенцата со помош на која во секое време ќе знаете дали температурата на подготвената храна е соодветна за вашето дете. Оваа функција е представена во вид на три линии поставени на задната страна по должината на шишенцето, веднаш до мерната скала. Како што се менува температурата на храната така се менува и бојата на трите споменати линии. Доколку храната е претопла линиите ќе побелат т.е. ќе станат бели. Доколку бојата на линиите е темно сина во тој случај храната не е доволно загреана. Храната е на соодветна температура во момент кога трите линии ќе бидат СВЕТЛО СИНИ, т.е. температурата на храната е приближно 37ºC, што се смета за идеална температура за деца и бебиња. Секако не оставајте на случајноста, и секогаш пред да ја дадете храната на вашето дете проверете ја топлината на истата со капнување неколку капки на вашата дланка. 

Повеќе за Temperature Control  на YouTube линкот (слика подолу):

Со NUK First Choice+ програмата е направен уште еден чекор поблиску кон природниот начин на исхрана. FC+ цуцлата за шише има облик на мајчина брадавица во моментот на доење и воедно го помага правилниот орален развој кај децата. Самата форма на цуцлата остава доволно простор за правилно и непречено функционирање на јазикот и долната вилица при цицање. Меката зона во горниот дел на цуцлата овозможува нејзино идеално прилагодување кон непцето без непотребен притисок врз истото. NUK Air Anti Colic системот претставен преку вентилот на цуцлата врши компензација на воздушниот притисок во шишенцето и спречува болни загрцнувања и гасови. Шишенцето е изработено од траен, високо-квалитетен полипропилен (ПП) и не содржи токсини и штетни материи. 

Повеќе инфо за NUK First Choice+ на линкот подолу:

https://youtu.be/YlOWakg_4kE

General
Brand NUK
Kategorija First Choice+ Temperature Control
Vozrast 0+ месеци
Sodrzina Anti Colic Professional sisence protiv bolki i grcevi vo stomakot so silikon cucla 0-6 meseci otvor M za mleko.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
Baby Centar © 2024. UKION SHOPS
NUK Germany NUK Anti-Colic Professional беби шише Против Грчеви со индикатор за Температура 300мл (0+м.)  NUK Anti-Colic Professional беби шише Против грчеви со индикатор за Температура 300мл (0+м.) Шишенце кое потполно го елиминира влезот на воздухот во храната благодарение на специјален систем на венилација. Специјалнен систем од прстен и цевче го спроведува воздухот надвор од храната и со тоа го елиминира голтањето на воздух кое е најчеста причина за болни грчеви кај бебињата. 96% од анк.. Category: Product #: 10216293 Regular price: 580 ден. 580 Available from: Euroalba dooel