NUK First Choice беби шише ПП 150/300мл Temperature Control силикон цуцла (0m+; 3m+)

NUK First Choice Anti Colic беби шишенце од 150 или 300мл со Temperature Control индикатор за температура на храната со силикон цуцла големина "S" или "M".
Мирна и едноставна исхрана најблиску до природниот начин со многу љубов. NUK Air Anti-Colic системот претставен преку вентилот на цуцлата врши компензација на воздушниот притисок во шишенцето и спречува голтање на воздух, болни загрцнувања и гасови.
Со NUK First Choice програмата е направен уште еден чекор поблиску кон природниот начин на исхрана. First Choice цуцлата за шише има облик на мајчина брадавица во моментот на доење и воедно го помага правилниот орален развој кај децата. Самата форма на цуцлата остава доволно простор за правилно и непречено функционирање на јазикот и долната вилица при цицање. Меката зона во горниот дел на цуцлата овозможува нејзино идеално прилагодување кон непцето без непотребен притисок врз истото. Шишенцето е изработено од траен, високо-квалитетен полипропилен (ПП) и не содржи токсини и штетни материи.
Широкото грло на First Choice шишенцата овозможува лесно полнење и уште полесно миење без многу неред. Произведени во Германија, од безбедни BPA -Free материјали, според највисоките Европски стандарди за безбедност и квалитет.
Temperature Control - е најновата функција на NUK First Choice шишенцата со помош на која во секое време ќе знаете дали температурата на подготвената храна е соодветна за вашето дете. Оваа функција е представена во вид на три линии поставени на задната страна по должината на шишенцето, веднаш до мерната скала. Како што се менува температурата на храната така се менува и бојата на трите споменати линии. Доколку храната е претопла линиите ќе побелат т.е. ќе станат бели. Доколку бојата на линиите е темно сина во тој случај храната не е доволно загреана. Храната е на соодветна температура во момент кога трите линии ќе бидат СВЕТЛО СИНИ, т.е. температурата на храната е приближно 37ºC, што се смета за идеална температура за деца и бебиња. Секако не оставајте на случајноста, и секогаш пред да ја дадете храната на вашето дете проверете ја топлината на истата со капнување неколку капки на вашата дланка.
Повеќе инфо за NUK First Choice+ на линкот подолу:
*Калкулација базирана на бројот на шишенца и цуцли продадени на Германските болници во однос со бројот на раѓањата и статистиките на исхрана (извори: ЦДЦ, Статиста)
| General | |
| Brand | NUK |
| Kategorija | First Choice Temperature Control |
| Vozrast | 0+ месеци |
| Sodrzina | шишенце ПП 300мл со силикон анатомска анти колик цуцла 0-6 месеци со термометар за контрола на температура на храна. |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕУРОАЛБА ДООЕЛ
ул. Партизански одреди 64г, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)2 306 5717
e-mail : euroalba@euroalba.com.mk
ЕМБС: 5559928 | ЕДБ : MK4030001426797
Жиро сметка: 210 055599280 112
Тутунска банка Скопје