NUK Безконтактен Термометар "Flash"
Сонот неретко е и лек. Ова особено важи за децата и бебињата во ситуации кога не се чувствуваат добро. Еден од предизвиците со кои се соочуват родителите е како да им ја измерат температурата на децата без да им го нарушат сонот. Тоа нема да биде проблем со NUK Flash термометарот со кој можете да ја мерите температурата без да го допирате вашето дете и при тоа да го разбудите. Мерењето се врши за само неколку секунди и без никаков контакт. Трмометеарот поседува инфацрвен емитер и мерењето се врши со дистанца од 3 цм од површината на челото. Доколку температурата е повисока од нормалното, термометарот емитува и соодветно звучно предупредување. Flash термометарот безконтактно може да врши и мерења на температура на други тела и површини, како на пример температура на вода за капење или пак температура на храна за бебиња, како и собна температура. Термометарот поседува и мемориска функција со 25 мемориски места за следење на прогресот на мерењата. Постои можност термометарот да се префрли и во тивок мод за да не се вознемируваат децата при мерењата додека спијат.
General | |
Brand | NUK |
Kategorija | TERMOMETRI |
Sodrzina | termometar za beskontaktno merenje temperatura od slepoocnica |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар