NUK Nature Sense ПП шише со рачки и некапечко клунче 150мл (6+мес.) -Temperature Control
  • NUK Nature Sense ПП шише со рачки и некапечко клунче 150мл (6+мес.) -Temperature Control

699 ден.
Производител: NUK Germany
Шифра на производ: 10743927
Достапност: На залиха
Количина:

Расположливи опции

* Боја NSens:

NUK Nature Sense ПП шише со рачки и некапечко клунче 150мл (6+мес.) -Temperature Control

  • За бебиња од 6-18 месеци
  • Со "Temperature Control" - 3 линии со темно сина боја до мерната скала, за контрола на температурата на храната: 3 темно сини лини - Ладно, 3 бели линии топло, 3 светло сини линии - Идеална температура на храна.
  • Некапечко, екстра меко и широко клунче од силикон кое овозможува природен и непречен тек.
  • Иновативниот Anti Colic Air System (вентил) овозможува непречено пиење без загрцнувања и гасови.
  • Некапечко со ергономски рачки за сигурно држење.
  • Изработено од високо квалитетен PP-полипропилен.
  • Нелизгаво дно, содржина 150 мл
  • Произведено во Германија

Temperature Control - е најновата функција на NUK Nature Sense шишенцата со помош на која во секое време ќе знаете дали температурата на подготвената храна е соодветна за вашето дете. Оваа функција е представена во вид на три линии поставени на задната страна по должината на шишенцето, веднаш до мерната скала. Како што се менува температурата на храната така се менува и бојата на трите споменати линии. Доколку храната е претопла линиите ќе побелат т.е. ќе станат бели. Доколку бојата на линиите е темно сина во тој случај храната не е доволно загреана. Храната е на соодветна температура во момент кога трите линии ќе бидат СВЕТЛО СИНИ, т.е. температурата на храната е приближно 37ºC, што се смета за идеална температура за деца и бебиња. Секако не оставајте на случајноста, и секогаш пред да ја дадете храната на вашето дете проверете ја топлината на истата со капнување неколку капки на вашата дланка. NUK Nature Sense шишенцето со рачки, наменето е да им помогне на децата кои доскоро биле исклучиво доени, полесно да преминат кон самостојно пиење и притоа да не се отуѓат целосно од доењето. Ова шишенце поседува некапечко клунче со 20% поширока површина од класичните клунчиња за пиење, што е слично на ширината на мајчината града, а со цел да се приближи кон природниот начин на исхрана. Иновативното решение наречено "NUK  Air System" т.е. малиот вентил сместен на клунчето ја компензира разликата на воздушниот притисок во шишенцето и спречува појава на болни загрцнувања и гасови. Клунчето е некапечко и на тој начин спречува појава на неред во домот или надвор од него. Нелизгавото дно и меките анатомски рачки ќе му овозможат на детето да стекне сигурност во овој преоден период. Шишенцето е изработено од високо квалитетен ПП-Полипропилен и е произведено согласно највисоките германски стандарди за квалитет и безбедност.

Ништо не може да ја замени природата, но секако можеме истата да ја искористиме како модел. Поаѓајки од ваквата идеја NUK го создаде Nature Sense шишенцето. Што е карактеристично за ова шишенце? Кај Nature Sense шишенцето цуцлата има повеќе мали отвори (не само еден) слично како кај мајчината града со што се овозможува непречен природен тек на храната. Токму оваа блисокст до природниот начин на исхрана прави ова шишенце лесно да биде прифатено од бебињата.

NUK Nature Sense цуцлата е изработена по урнек на мајчината брадавица во моментот на доење. Затоа за мајките кои не можат да дојат или истото го комбинираат со исхрана со шишенце на ваков начин имаат оптимална опција најблиска до природниот начин на исхрана. Цуцлата има широка основа за припивање на горната и долната усна, која заедно со уникатниот NUK  Аnti-colic Air System (вентил на цуцлата) спречуваат појава на болни загрцнувања и гасови. Врвот на цуцлата е екстра мек, слично на мајчината брадавица, и на таков начин идеално се прилагодува на непцето без вршење притисок врз истото.

NUK Nature Sense цуцлите доаѓаат во три варијанти: S - (Small) со 3 отвори за вода чај или мајчино млеко: М - (Medium) со 6 отвори за мелчни формули и друга млечна храна и L - (Large) со 9 отвори за кашести течности.

Согласно спроведените независни истражувања на пазарот во Германија, 92% од бебињата без проблем ги прифатило NUK Nature Sense шишенцата, 99% од мајките би ги препорачале на друг, а 98% од испитаните педијатри и патронажни сестри сметаат дека концептот на Nature Sense е близок до природниот начин на исхрана.

Повеќе за NUK Nature Sense на линкот подолу:

https://youtu.be/lzX8S65bOF8

General
Brand NUK
Kategorija Nature Sense
Vozrast 6+ meseci
Sodrzina 1 x sisence so racki i silikonsko klunce nekapecko so skala za kontrola na temperatura na hranata.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
Baby Centar © 2024. UKION SHOPS
NUK Germany NUK Nature Sense ПП шише со рачки и некапечко клунче 150мл (6+мес.) -Temperature Control NUK Nature Sense ПП шише со рачки и некапечко клунче 150мл (6+мес.) -Temperature Control За бебиња од 6-18 месеци Со "Temperature Control" - 3 линии со темно сина боја до мерната скала, за контрола на температурата на храната: 3 темно сини лини - Ладно, 3 бели линии топло, 3 светло сини линии - Идеална температура на храна. Некапечко, екстра меко и широко клунче од силикон кое овозможува.. Category: Product #: 10743927 Regular price: 699 ден. 699 Available from: Euroalba dooel