NUK Дигитален Термометар за Уво и Чело "3во1"
Телесната температура е важен индикатор за здравјето на децата. Затоа е важно мерењето на истата да биде брзо и без компликации. NUK 3во1 Термометарот е токму таков уред кој ќе ви овозможи брзо, лесно и прецизно мерење. Тремометарот е опремен со иновативна мала мерна сонда со инфра-црвен трансмитер сместен во врвот на термометарот. Ова овозможува брзо мерење за само 2 секунди, мерено од уво, или 5-6 секунди мерено од чело. Поради малата мерна сонда родителите можат без компликации да ја измерат температурата на децата дури и кога спијат. Во прилог на ова оди и светлосната индикација која укажува дали детето има температура или нема. Зеленото светло значи дека е се во ред , додека црвеното укажува на покачена телесна температура. Мемориската функција овозможува следење на прогресот на температурата во подолг временски период. Термометарот безконтактно може да врши и мерања на температура на други тела и површини, како на пример температура на вода за капење или пак температура на храна за бебиња. Опремен е со соодветно постоље, и во периодите кога не се користи може да послужи за мерење на собната температура.
NUK Thermometer 3во1 видео : https://youtu.be/Ng7jI8bpRnk
General | |
Brand | NUK |
Kategorija | Higiena-Zdravje |
Sodrzina | Digitalen Termometar |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар