NUK Електричен Стерилизатор "VAPO Rapid"
Хигиената во домаќинствата со новороденчиња е приоритет и тоа особено во првите месеци од животот кога имунитетот на бебињата се уште не е доволно развиен. Со NUK Vapo Rapid стерилизаторот, сите бактерии целосно ќе бидат одстранети од цуцлите, шишенцата и другиот беби прибор. Овој стерилизатор ќе ви го направи секојдневието едноставно и безбедно.
Vapo Rapid стерилизаторот стерилизира без хемикалии само со помош на водена пареа и одстранува 99,9% од сите бактерии. Со внатрешна одстранива корпа со поделоци за 6 шишенца и беби прибор. Уредот може да се користи за стерилизација на шишенца, цуцли, цуцли лажливки но и за глодалки за заби. По вклучувањето стерилизаторот се загрева и ја пртвора водата во врела пареа со која всушност се врши стерилизацијата на приборот и уништувањето на бактериите. Доколку не го отворите капакот на стерилизаторот по стерилизирањето, приборот во него ќе остане стерилен цели 24 часа.
Само притиснете на копчето за вклучување и процесот веднаш започнува. По завршетокот на процесот на стерилизација стерилизаторот сам ќе се исклучи . На ваков начин цуцлите и шишенцата ќе бидат стерилизирани за кратко време без потреба од дополнителен напор. Со својот модерен и компактен дизајн NUK Vario Express ќе се вклопи во секој дом...
Повеќе за VAPO RAPID на линкот подолу:
General | |
Brand | NUK |
Kategorija | Higiena - Elektricni Uredi |
Vozrast | 0+ meeci |
Sodrzina | Elektricen sterilizator so korpa i drzaci na akcesori, merica i stipka za fakanje. |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Распродадено