За Нас

Специјализираните продавници за бебиња, деца и мајки “ Baby Centar”  своите корени ги влечат од 1991 година кога сопственикот Ристо Георгиев како дипломиран магистер по економски науки заедно со своето семејство реши да ја отвори својата прва продавница за мешовита (непрехрамбена) стока во Т.Ц. Лептокарија (Карпош III) под називот С.Т.Д Александар. Со текот на годините понудата во СТД Александар се повеќе се профилираше кон децата и полека почна да се специјализра за продажба на производи наменети исклучиво за деца .

Во март 2004 СТД Александар  беше преименуван во “Baby Centar” кој и ден денес функционира како подружница на семејната фирма Еуроалба дооел. Од Март 2004 Baby Centar станува една од првите специјализирани продавници во Р.М. посветена  целосно на потребите на мајката и нејзиното бебе во периодот на бременоста и потоа.

Беби Центар денес се позиционира како модерен концепт на  специјализирани продавници посветени на потребите на мајката и нејзиното дете во најделикатниот период од нивниот живот, и им нуди високо квалитетни производи и помагала кои во голема мера ќе им ги олеснат секојдневните слатки грижи.

Во оваа своја намера не оставаме простор за никакви компромиси, и на нашите клиенти им нудиме производи од врвни светски брендови кои се научно засновани и произведени според највисоките светски стандарди за  безбедност и квалитет.

Во Беби Центар денес можете да најдете апсолутно се, од наједноствани производи како цуцли, шишенца, па се до производи како дигитални ваги, јонизатори, инхалатори, видео монитори итн.

Во Беби Центар денес може да ги најдете познатите светски брентови како : NUK, Tigex, ABC-Design, WOW Toys, Clementoni, Sluban, Baby Hit bedding, FIM, Renolux, Ladoro socks...

Baby Centar © 2020. UKION SHOPS